Политиката за испорака се однесува само за оние производи кои се нарачани преку онлајн продавницата www.triteks.mk .
Производите кои ги нарачувате ќе Ви бидат доставени на адресата која ја имате наведено, заедно со испратница и фактура во рок од 3-7 работни дена по извршената online нарачка.
-Трошоците за испорака изнесуваат 150,00 денари со вклучен ДДВ за цела територија на Република Македонија.
-За нарачка преку 2000,00 денари испораката е бесплатна за цела територија на Република Македонија.
Доколку производот не може да Ви биде испорачан согласно барањата од наша причина, ќе бидете контактирани со користење на оние податоци кои сте ги навеле како Ваши на нашиот сајт.
За сите прашања поврзани во врска со испораката или можни проблеми со истата можете директно да не контактирате на е-маил: contact@triteks.com или контакт телефон: +389 48 413 929 .
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за испорака.